Владата на денешната седница препорача за време на новогодишните и божикните празници, односно на 31 декември 2023 година, 1 јануари 2024 година и 7 и 8 јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало.
Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).
Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божикните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата, стои во соопштението од Владата.