Владата исплати 1,7 милиони евра за заостанатите придонеси за „Еурокомпозит“

По две години од донесеното законско решение, Владата со 1,7 милиони евра ги исплати заостанатите придонеси за прилепски „Еурокомпозит“.

Средствата се исплатени заради консолидирање на прилепската наменска фабрика и исполнување на обврските спрема вработените.

Со финансиската помош ќе се пополни стажот на работниците и ќе им се овозможи заминување во пензија.

Информацијата ја потврдува директорот на прилепската фабрика „Еурокомпозит“ Милан Тоцев.

– Денеска се уплатени 1 700 000 евра за заостанатите придонеси за преку 400 работници од „Еурокомпозит“ за периодот од јуни 2012 до септември 2019 година. Тоа е долгоочекувана добра вест за работниците даси го доплатат стажот, изјави Тоцев за МИА.