Владата ќе го разгледува статусот на рудникот кај Иловица и Штука

„Еуромакс ресорсис“ ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија за проверка на статусот на проектот за развој на рудникот за бакар и злато во Иловица – Штука. Ставањето на овој проект на агендата на Владата е од голема важност, имајќи предвид дека поради политичката криза одредени процедури беа без напредок, веќе подолг временски период, поради што беше и забавен развојот на проектот.

Со инвестиција од 343 милиони евра проектот за развој на рудникот за бакар и злато во Иловица – Штука е една од најголемите инвестиции во Македонија од осамостојувањето до денес.

Компанијата одлучи да се откаже од употребата на цијанид, употребувајќи модерна рударска технологија, а преку работата на рудникот ќе  придонесе за развој на економијата што ќе резултира со раст на бруто домашниот производ од 3% на годишно ниво. Во текот на изградбата на рудникот, во првите две години, проектот ќе создаде над 3,200 директни и индиректни работни места. Просечната нето плата во рудникот ќе биде 16.000 евра по вработен на годишно ниво. Изградбата на рудникот ќе биде во вредност од 180 милиони евра, а локалните компании ќе можат да работат на овој проект во период од две години колку што е планирана изградбата на рудникот. Со стартот на операциите на проектот, за различни економски активности во следните 22 години ќе бидат потрошени 1,6 милијарди евра во локалната и во националната македонска економија или 74 милиони евра на годишно ниво. Дополнително, по основ на даноци и концесиски надомест од проектот во Македонија ќе се инкасираат 528 милиони евра или просечно на годишно ниво околу 24 милиони евра.

Еуромакс ресорсис е компанија која е котирана на берзата во Торонто, а е во доминантна сопственост на престижните инветироти од САД, УК, и Канада, вклучувајќи ги и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Инвест банката, Ројал Голд и Екинокс Партнерс. Со исклучок на ЕБРД, најголемиот дел од инвеститорите прв пат вложуваат во Македонија.

Компанијата смета дека ги има доставено сите неопходни документи што произлегуваат од концесијата, а кои можеа да се достават, имајќи предвид дека одредени процеси доцнеа поради политичката криза во Македонија и ограничената моќ на одлучување на техничката Влада која беше поставена поради државната Комисија за борба против корупцијата.

Еуромакс со нетрпение очекува да продолжи со конструктивна соработка со Владата со цел да се изнајде заемно прифатливо решение за сите отворени прашања во рамките на владеењето на правото за спроведување на овој проект, што ќе биде од голем национален интерес и значење за позитивниот економски развој на Македонија, истовремено  обезбедувајќи стандарди над оние утврдени од ЕУ, притоа обезбувајќи одржлива заштита на животната средина, и што е најважно, заштита на јавното здравје на населението.

Проектот за развој на бакар и злато во Иловица – Штука е оценет како потенцијален проект од страна на меѓународни инвеститори. Потврда за тоа се и инвестициските групи кои вложија во овој преокт. Така, покрај ЕБРД, која е сопственик на над 17%, , британски инвестициски фонд Ора капитал со 16,4%, Екинокс партнерс со 9,8%, Инвест банка, исто така од Велика Британија, со 6,8%, менаџерски тим составен од членови на Ротшилд, Еуропиен Голдфилдс, Соситете Генерал и Стандард бнката со удел од 10,3%, и останати институционални и индувидуални инвеститори од САД и Канада со 39,5%.

Проектот дополнително е поддржан преку кредитни линии и од Ројал Голд, реномирана компанија од САД котирана на НАСДАК-берзанскиот индекс, Консолидејт констракшнс компанијата од Блискиот исток, Сосиете женерал, Експат девелопментс од Канада.

Инвестициите на овие реномирани интернационални институции, во гринфилд инвестиција во Македонија ја става земјата на светската мапа на инвеститорски дестинации и ја промовира како потенцијално место за вложување.