Владата ќе изнајмува лимузина за 35.000 евра

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на патничко моторно возило (лимузина седан) – оперативен лизинг.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија планира да потроши 2.1 милиони денари или околу 35 илјади евра, за изнајмување на возилото во период од три години.

Што е оперативен лизинг ?

Закупот е договор во кој Закуподавачот му дава возило на употреба на Закупецот, а Закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надоместок (закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истото.

Оперативниот лизинг дава можност Закупецот да го врати возилото по истек на договорот или да склучи нов договор за ново и помодерно возило.