Сите 12 згрижувачки семејства во СОС Детско село каде има 66 дечиња ќе добиваат парична и друга помош од македонската Влада.
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска по повод новогодишните празници го посетија СОС Детското село.
Тие потпишаа анекс на Меморандум за соработка со СОС Детско село кој ги регулира взамните односи за поддршка на заедничките активнсти кои се превземаат во насока на подобрување на положбата на децата, градење на подобра иднина и обезбедување на нивна благосостојба.
ОД СОС Детското село на премиерот Груевски му беше доделена и благодарница за поддршката.