Се надминуваат административните бариери за поставување на фотоволтаици. Измените кои ги донесе Владата предвидуваат граѓаните и фирмите кои сакаат да постават ваква напонска централа, сега тоа да го направат без дозвола од општината.
Фотонапонските централи ќе можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правни лица до 40 киловати, додека на колективните згради може да се постават од заедницата на станари, но електричната енергија да се користи само за заедничките простории.
“Клучно кај овие измени е дека на граѓанит нема да им биде потребно одобрение или решение, потребно е инвеститорот да ја извести општината…”
А инвеститорите во матичната општина ќе имаат задача да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, односно копија од лична карта ако се рбаоти за физичко лице.
Ќе биде потребен и имотен лист за објектот или договор со сопственикот на објектот, како и основен проект за поставување на фотоволтаици.
“Градбите се поставуваат од изведувач со лиценца. Се става во употреба врз основа на изјава дека се е во согласност со основниот проект, а ФВ се приклучува на приклучок на ЕВН…”
Министерот Бочварски не сакаше да шпекулира колку би траела оваа поедноставена процедура, потенцирајќи дека тоа сега повеќе зависи од договорот меѓу изведувачот и корисникот.
Министерот дополни дека измените одат во Собрание, каде што очекува да бидат изгласани без опструкции и на првата седница.