„Владата“ на ДУИ: Шефот Али Ахмети министерскиот кабинет на Артан Груби си го користи за партиски средби со амбасадори

Две влади во Македонија, едната на Илинденска, другата на улица Филип Втори Македонски број 11. Во едната шеф Димитар Ковачевски, во другата Артан Груби и неговиот партиски лидер Али Ахмети. Оваа втората по потреба се претвора и во штаб на ДУИ, каде Ахмети иако станува збор за државен орган, финансиран од пари на граѓаните, шефот на интегративците остварува и партиски средби.

Последната во средата со грчката амбасадорка Софија Филипиду, за која Ахмети се пофали на својот Фејсбук профил. Но, ова не едиствен пример каде Министерството на Груби, служи во партиски цели. Просториите во строгиот центар на Скопје се користат и за разонода на функционерите на ДУИ.

Во овие простории беше прославен и роденденот на Али Ахмети, без почитување на протоколите во ек на пандемијата од ковид 19, за што сите кои каснаа од лидерската торта добија казна по 20 евра.

Ова не е единствен пример каде функционерите на ДУИ ги злоупотребуваат државните ресурси, речиси цело време во партиски цели се користат службените возила. Пракса која често ја следат и министерот за надворешни работи Бујар Османи, а секако и првиот вицепремиер.

Сепак власта по се изгледа нема моќ да го спречи ова однесување на функционерите на ДУИ. Вицепремиерката за добро владеење единствено што може да ги опомене.

-Тоа што е моја обврска е доколку го прекшрат, веднаш да го информирам премиерот дека го прекршиле и дека не постапиле согласно првата опомена, а потоа е на премиерот да одлучи за каква мерка ќе се одлучи во втората фаза од постапката, изјави Грковска.

Според многумина Министерството на Груби важи баш само за партиско на ДУИ, таму се вдомени повеќе од 400 луѓе, а некои конкретни проекти нема, таму се главно е организирање прослави, за кои многумина велат дека се само за промоција на Груби, Ахмети и нивната партија. Една од нив е онаа ланската за годишнината од Рамковниот договор, кога водителката на настанот беше исвиркана кога проговори на македонски јазик.

Извор: Алфа.мк.