Владата на САД делумно блокирана поради спорот за ѕидот

Американската влада е делумно блокирана во саботата претпладнето поради жестокиот спор околу барањето на претседателот Доналд Трамп Конгресот да ги потпише финансирањето на градењето на ѕидот по должината на границата со Мексико во вредност од пет милијарди долари.

Откако не беше постигнат договорот за буџетот во петокот, челниците на фракциите во Конгресот и Белата куќа ветија дека ќе одржат разговори во текот на викендот во обидот да се најде договор за да се заврши застојот во функционирањето на администрацијата во пресрет на божикните празници.

Блокирањето дојде откако претседателот Доналд Трамп одби да се согласи со договорот за краткорочното финансирање коешто го постигнаа демократските и републиканските сенатори, бидејќи не вклучуваше пет милијарди долари за ѕидот на границата, што беше едно од неговите клучни предизборни ветувања во 2016 година. Претставничкиот дом, каде што републиканците имаат мнозинство додека не го преземат демократите на 3-ти јануари, тогаш го одобрија законот кој ги вклучува споменатите пет милијарди долар, но тој се заглави во Сенатот и блокадата започна во петокот на полноќ.

Откако стана јасно дека во Конгресот нема доволно гласови да мине, челниците во Сенатот се состанаа со потпретседателот Мајк Пенс и со другите функционери на Белата куќа за да се обидат да изнајдат решение. Меѓутоа, не успеаја и пратениците на двата дома беа испратени дома.

Претседателот Трамп за оваа ситуација ги обвини демократите. „Ќе имаме блокада. Ништо не можеме да сториме околу тоа, бидејќи ни се потребни демократите да ги дадат своите гласови“, изјави во видео пораката објавена на неговиот мокроблог на Twitter два часа пред истекот на рокот на полноќ.

Демократите повторно им се обратија на Трамп и на гласачите дека минатата седмица рекол дека ќе биде „горд“ поради блокадата на владата за да се постигне финансирањето на ѕидот. „Претседателот Трамп ‘блуеше оган’ и сега нѐ води кон ‘Трампова блокада’ преку Боќик“, изјави челникот на демократите во Сенатот, Чак Шумер од сенатската говорница во петокот.

Околу три четвртини од програмата на федералната влада ќе се финансираат до 30-ти септември следната година кога завршува фискалната година во САД, меѓутоа финансирањето на другите, вклучително и на министерствата за национална безбедност, за правосудство и за земјоделие, истече на полноќ кон саботата. Националните паркови ќе бидат затворени и повеќе од 400.000 ткн „основни“ вработени во овие агенции ќе работат без плата додека не биде решен спорот. Другите 380.000 ќе бидат на „распуст“, што значи дека ќе бидат испратени на принуден одмор. Силите за одржување на редот, граничните патроли, испораките на поштенски пратки и операциите на аеродромите ќе продолжат со работа.

За да биде ставен крај на блокадата, двата дома на американскиот парламент Конгресот, и Претставничкиот дом и Сенатот, ќе мора да го одобрат договорот за кој преговараат тимот на Трамп и републиканските и демократските челници. Блокадата може да трае најмалку до 3-ти јануари, до новиот состав на Конгресот, кога демократите ќе ја преземат контролата од републиканците во Претставничкиот дом. Меѓутоа, тоа не значи дека претседателот Трамп ќе се согласи на компромис.