0.8 C
Skopje
недела, ноември 17, 2024

Владата на СДСМ прифати негирање на македонскиот јазик, македонската историја и култура, вели Николоски

Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава, ова преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик. Што би направила нормална личност на ова? Би кажала НЕ благодарам, рече Николоски.

Тој прашува што се случуваше? Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите се што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори.

-За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во овој моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување, рече Николоски.