Ваква одлука претставува своевиден преседан, уште повеќе што во практиката секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Меѓутоа, во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно.
Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои мотиви Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно.
„После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење“, пишува уште Охрид1, кој потестува дека Заев своевремено најави дека хотелот ќе се легализира