Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја обнови и подобри мерката „Купи куќа за млади”, илјадници ќе стигнат полесно до свој дом

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивен пристап во градење на услови за останување на младите во Македонија, од креирање на подобра бизнис клима, систем на владеење на право до политики и мерки кои ќе го олеснат процесот на младите за стекнување на сопствен дом, соопштија од партијата.

Мерката „Купи куќа за млади” која во минатото даде големи резултати, ќе се обнови, но и подобри. Целта е илјадници млади да дојдат до свој дом, да го градат семејството во Македонија и да живеат и творат тука.

Преку мерката „Купи куќа за млади” се дава сигурност на младите дека Македонија мисли на нив и дека им овозможува услови за добар и просперитетен живот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има младите и луѓето на прво место, за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце, додаваат од таму.