-Присуствувам скоро на завршување на еден витален исклучително значаен проект за сите жители тука, затоа што како што еден жител тука кажа ова се проблеми кои се педесетина години нерешени и морам да честитам на градоначалникот на Општина Новаци, затоа што навистина посветено работи со скромните средства што ги има општината да реализира што повеќе проекти, изјави потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Ова беше општина која тој ја затекна како екстремно задолжена со огромна задолженост имајќи ја во предвид општината, а сега е веќе во позитива и секоја година одвојува значајни средства за капитални расходи. По парламентарните избори веќе ова лето ќе почнеме да работиме на децентрализација на средствата од буџетот и значајни средства ќе влегуваат и од централниот буџет некаде околу 2 до 2,5 милиони евра ќе влезат во еден инвестициски циклус од 4 години дополнително на она што е буџет на општината со цел да можат најголем дел од потребите на целата општина да бидат решени, рече Николоски.