Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вработи 600 млади специјализанти

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на гостувањето во Клан Дебата, ја пофали работата на Владата во првите 100 дена од нејзиното формирање. Таа истакна дека новата Влада иако се стекнала со дупка во буџетот, со ребалансот дошло до средства за книги за учениците, нови лекови на позитивната листа, покачување на пензиите, вработување на млади специјализанти и други проекти кои ги нагласи.

„Првите 100 дена на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека навистина добро се покажа, иако имаше оставено пустош од претходната власт, се изнајде решение како да се дојде до средување на хаосот кој што го наследивме. Овие 100 дена ќе бидат само почеток на реализацијата на многу проекти кои што ги ветивме пред граѓаните на предизборната кампања“, истакна Бојковска.

Бојковка дополни дека ова е само почеток на подобрувањето на животниот стандард, повисоки плати, реформи во здравството и образованието и дека овие 100 дена се репер за тоа дека Владата ќе ги спроведе реформите кои ги има ветено пред граѓаните.