Владата на ВМРО-ДПМНЕ со проекти за стабилен електроенергетски систем, модернизација на РЕК Битола, нов пристап за Чебрен

На трибина во Битола вчера јасно посочивме дел од проектите кои планираме како ВМРО-ДПМНЕ и влада да ги реализираме. тука пред се мислам на оние проекти кои значат стабилен електроенергетски систем, бидејќи главниот фокус беше на електроенергетскиот систем и тоа модернизација со десулфуризација и задоволување на критериумите за здрава животна средина, а воедно производство на електрична енергија од фосилно гориво како што е јагленот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на тема енергетика при денешната посета на Гази Баба.

Мицкоски истакна дека пред се тука се мисли на РЕК Битола и продолжување на нејзиниот животен век.

– Главната порака наша е дека ни треба стабилен електроенергетски систем кој ќе обезбеди развој, затоа што без стабилен електроенергетски систем ќе немаме економски развој, секој инвеститор бара ресурс за да може својот производен погон да го изгради и пушти во функција. Имаме многу проекти, модернизација на РЕК Битола, нов пристап за проектот Чебрен, стимулирање на обновливата енергија и големиот зелен договор врз основа на пазарни услови, а не загарантиран откуп за поедини инвеститори, изградба на две когенеративни гасни постројки едната во Битола, една во Скопје со што би се задоволил топлинскиот конзум, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски најави и сериозна и темелна истрага што се случува изминативе години во РЕК Битола со акцент на последните случување каде што сега на бегање, овие од владата планираат некаде околу 150 милиони евра тендери да распишат.

– Едниот го завршија избраа омилен свој подизведувач, другиот го имаат објавено.  150 милиони евра се однесуваат на период од 18 месеци, тие треба како раководство да се погрижат за следниве 50-60 дена да обезбедат услови за надежна работа, бидејќи ако го следиме примерот на функционерите на СДС кои земаа апанажи за година дена, тие не планираат да бидат влада бидејќи јасно кажаа што планираат, на овие директорчиња никој не им го кажал тоа и се уште ги полнат торбите не неколкумина политичарчиња кои ќе избегаат после 8 мај, изјави Мицкоски.