Во време на најголемата економска криза предизвикана од светската пандемија на коронавирусот кога граѓаните и стопанството се во тешка економска состојба, Владата откако се луксузираше со набавки на бадеми, лешници, фстаци, октоподи, шкампи, ракчиња, виски, бурбон како и вотка, сега набавува и десетици тони сокови и минерални води.
На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, а чив предмет на договор е набавка на минерални води (газирани и негазирани), овошни сокови и ладни чаеви.
Како што е наведено во техничката спецификација, Владата ќе набавува десетици тони минерална вода и сокови. Во план е да се набават 3500 литри 100% сок од портокал, 1500 литри сок од боровница, 1000 литри сок од праски, 1200 литри сок од јаболки, како и 350 илјади шишиња минерална вода.