![todorov-2-630x365](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/todorov-2-630x365.jpg?resize=630%2C365&ssl=1)
Нова холандска инвестиција во Виница која ќе донесе 30 до 50 нови работни места, 35 социјални станови за семејства од социјален ризик и 10 милиони евра за капиталниот проект – изградба на пат од Кочани до Македонска Каменица, најави членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров на вчерашната трибина во Виница.
– Нашиот начин на работа е отворен. Тоа што сме го ветиле ќе го сработиме и тоа може да се види. Изградивме илјадници километри патишта, субвенциите за земјоделството во повеќе области се веќе реалност. Вечерва од овде од Виница ја најавувам новата холандска инвестиција на компанијата Е Р Е Н Е С во која ќе бидат вработени 50 лица, истакна Тодоров на своето обраќање пред виничани.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави 60 мерки и политики кои ќе го подобрат животот на луѓето во повеќе краеви од државата.
– До сега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработија 8.900 лица. Невработеноста ни ја оставија луѓето од СДСМ со нивната нетраспарентна приватизација. Ги затворија фабриките, ги избркаа работниците на улица…. До крајот на оваа година ќе започне реализацијата на новиот патен правец од Кочани преку Виница до Делчево во кој ќе бидат инвестирани 10 милиони евра. За патот Штип – Кочани кој ќе започне да се гради од средината на оваа година, во должина од 26 километри ќе бидат инвестирани 43 милиони евра. За регоналниот пат Карбинци – Зрновци – Виница Владата обезбеди еден милион евра, објасни Тодоров.
Најави изградба на нова социјална станбена зграда со 39 стана наменета за семејствата со социјален ризик и додаде дека цо источна Македонија ќе се градат 218 станови од кои 43 во Кочани.
– Проектот „Македонија вработува” е прифатен и од граѓаните и од стопанствениците, бидејки сет мерките што ги најави Владата отвораат нови работни места и се вработуваат луѓе кои и не сонуваат за работа, потенцира Тодоров.
Градоначалникот на Виница, Емил Дончев истакна дека е изградена атмосферска канализација, 4.700 метри водоводна мрежа, реконструкција на водоводот во село Блатец, а во реконструкција на детските градинки во селата Истибање и Лески се инвестирани 150 илјади евра.
– За комунална инфраструктура во неколку населени места во Виница се инвестирани 100 илјади евра, а во село Истибање е изграден и дневен центар за стари лица, потенцира Дончев.
Од партијата најавија дека во следниот период ќе бидат посетени помалите општини во Македонија со цел Владата да биде поблиску до граѓаните.