Владата наместо да ги решава, создава проблеми, предвремени парламентарни избори се решение, порача Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Занаетчиската комора Скопје при што беше запраша,н зошто сметаат дека треба да има избори и дека изборите се излез.
-Цениме дека во актуелната состојба во која Македонија се наоѓа, не само што не ги решава проблемите на граѓаните и потребите, туку и дополнително ги проблематизира, ги усложнува, и цениме Владата станува најголема пречка односно самата по себе најголем проблем. Кога вие имате еден таков проблем, тогаш логично е да тој да го решите на еден начин, така што ќе дојде некоја влада која наместо да создава проблеми, ќе ги решава, рече Мицкоски.

Тој порача дека колку побргу има избори, толку помалку проблеми ќе има идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за нивно решавање.

-Оваа влада е полна со криминал, со корупција, немаме структурни реформи, кадровски решенија кои поминуваат ден за ден и создават проблеми наместо да решаваат проблеми. Јас очекувам дека конечно ќе се свестат луѓето во владата и заеднички ќе излеземе со еден состанок со кој ќе ја дефинираме датата за следните избори, кажа Мицкоски.