Владата нема слух за проблемите на граѓаните

Весна Пемова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансии и буџет предложи амандман да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за изградба на локалниот пат село Сопот и село Рибарци, во должина од 5.2 километри заради олеснување на транспортот на земјоделските производи.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, без образложение само рече дека поднесениот амандман не се прифаќа.

„Потребата на жителите од Сопот за изградба на овој локален пат с. Сопот- с. Рибарци е огромна, бидејќи жителите од оваа село главно се занимаваат со земјоделска дејност. Овде има доста големи површини со обработлива земјоделска површина и тоа е нивното главно занимање. И поради олеснителни околности односно подобар транспорт на нивните производи и тие го бараат овојпат“,  појасни Пемова.