Владата ја задолжи Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство или за продажба на ТЕЦ Неготино.
Како што е соопштено ЕСМ треба да спроведе и постапка за избор на трансакциски советник за евалуација во постапката за изразување намера за изградба на ХЕЦ Чебрен.