Вработените со договор на дело во министерствата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа ќе му бидат ставени на располагање на Заводот за статистика за потребите на пописот. Ќе добијат хонорар до 40 000 денари, исто како и останатите попишувачи, а понудениот ангажман не смеат да го одбијат. Одлуката е донесена на седница на Влада поради немањето интерес за реонски попишувачи.
Огласот за попишувачи завршува денес. Поднесени се околу 8 000 апликации но останува неизвесно дали поради пандемијата сите ќе се појават на закажаната обука. Заводот за статистика ги повикува сите оние кои го пропуштиле првиот рок да дојдат повторно.ВМРО ДПМНЕ предлага пописот да биде електронски.
Најдобро е да се направи електронски попис. Без физичко присуство ќе се спречи ширењето на заразата, населението ќе се заштити и нема да има простор за манипулација, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Директорот на државниот завод за статистика, Симовски вели дека не доаѓа предвид сега да се менува методологијата на пописот. Уверува дека статистичката операција ќе се врши согласно сите здравствени и безбедносни протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба.