2.8 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Владата пред локалните избори ќе плати 120.000 евра за анкетирање, со народни пари подготвуваат кампања

Владата ќе прави анкети до пред локалните избори за владините политики и нивната реализација. Цената на анкетите ни помалку ни повеќе ќе биде 6.254.240 денари или 100.000 евра без ДДВ, односно со ДДВ вкупно 120.000 евра ќе даде Владата за анкети и истражување на јавно мислење, објави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски:

Денеска ќе објавиме трет тендер, најновиот тендер од генералниот секретаријат, покрај оние 2 тендера за кои што говорев изминативе денови од 600.000 евра за платено рекламирање и кампањи, денеска го објавуваме тендерот за осмислување и реализација на серија истражувања на мислењето на јавноста и граѓаните за квалитетот на владините политики и за ефикасноста на спроведувањето на истите политики на Владата. Ова е тендер кој го објави генералниот секретаријат, а денеска ние го презентираме бидејќи јавноста не е доволно запознаена.

Замислете, Владата ќе прави анкети до пред локалните избори за владините политики и нивната реализација. Цената на анкетите ни помалку ни повеќе ќе биде 6.254.240 денари или 100.000 евра без ДДВ, односно со ДДВ вкупно 120.000 евра ќе даде Владата за анкети и истражување на јавно мислење.

И почитувани како што говорам повеќе денови наназад, тука Владата го затвораат кругот за подготовка на кампањата за локалните избори кои што следат, каде што место ќе заземат и владината партија СДСМ, но платена со државни пари на граѓаните, односно од буџетот на Република Македонија. Овие подготовки за избори на СДСМ, граѓаните ќе ги чинат над 700.000 евра. Двата тендера за маркетинг услуги, и 120 илјади евра за накетирање на јавно мислење.

Повеќе од јасно е дека рејтингот на Владата е катастрофален. Тоа сите го знаат. Ниту една анкета нема да им помогне, секако ќе изгубат на изборите. Повеќе од јасно е дека нема потреба да се прават анкети на граѓаните за спроведување на владините политики, затоа што Владата не спроведува ниту една политика, сем криминал и корупција.

СДСМ ги оштетува граѓаните за повеќе од 700.000 евра само и само за да си се подготви за кампања за локалните избори, додека во реалноста граѓаните живеат во сиромаштија.

Со 700.000 евра ќе можеа да купат 15 амбулантни возила за целата држава. Со 700.000 евра ќе можеа да набават над 30.000 вакцини. Со 700.000 евра ќе можеа да ги реконструираат дел од поликлиниките да изгледаат достојно или пак истите тие пари можеа да ги доделат за медицинските работници кои се борат секојдневно со пандемијата.

Наместо сето ова, кое изгледа рационално и така треба да биде Заев, Филипче, Николовски одлучија 700.000 евра пари на граѓаните од државен Буџет на РМ, да ги искористат за класична подготовка на кампањата за локалните избори на СДСМ.

600.000 евра за маркетинг услуги и 120.000 евра за анкети на граѓаните.

Почитувани да сумираме, ова е најрасипничката, најкорумпираната и најкриминалната власт која што може да ја има една држава, дециден е Арсовски.