На седницата на Владата во средата претпладнето донесена е одлука на целата територија на државата да се прогласи вонредна состојба, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш“, рече Спасовски.
Како што рече Спасовски, одлуката е донесена на денешната владина седница по што предлогот ќе биде проследен до Собранието. Додаде дека иако паралемнтот е распуштен, претседателот на државата има уставна можност да прогласи вонредна состојба во траење до 30 дена.
„Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки“, рече Спасовски и додаде дека вонредната состојба ќе биде воведена првпат во историјата земјата.
„Ова не значи дека ќе се воведе рестрикции во движење на граѓаните, доколку има таква потреба тие ќе бидат известувани на дневно ниво“, рече Спасовски.