
Усвојувањето на Буџетот за 2022 година влегува во завршна фаза во Собранието, откако Владата во средата прифати 23 од вкупно предложените 382 амандмани.
Прифатано е зголемување на средствата во министерството за информатичко општество и администрација, за Уставен суд на и зголемување на средствата во финансиска полиција.
Владата ја ревидираше и фискална стратегија на Македонија за 2022-2024 – со изгледи до 2026 – клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање.
Стратегијата предвидува фискална консолидација и одржливост на јавните финансии како и зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции.