АД ЕСМ вчера произведе 13.309 мегават часови електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи.
При тоа, како што информираат од Владата, во термоелектраните се произведени 8.954, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.355 мегават часови електрична енергија.