Владата размислува да го повлече Хоџа од местото советник

Владата размислува да го повлече командант Хоџа од местото советник за безбедност во кабинетот на Зоран Заев.

Премиерот  изјави дека во текот на денот ќе ја соопшти одлуката, бидејќи последниве неколку дена откако беше објавено дека Хоџа ќе биде негов советник притисокот од јавноста не прекинал.

Дополнително и Хоџа размислувал да се повлече од функцијата поради лошите реакции и силниот притисок.

Командант Хоџа учествуваше во конфликтот во 2001 година, а во професионалното си-ви стои дека има завршено само средно образование. Тој е на американската црна листа, заедно со уште некои негови колеги, поранешни команданти на ОНА. Беше амнестиран по конфликтот, а во 2007-ма повторно се одметна и објави независност и припојување на родното Танушевци кон Косово.