Прекројување на државната каса ќе се случи кон средината на годината, со што, средствата што јавните претпријатија не ги искористиле и успеале да ги заштедиле ќе се пренаменат за веќе најавените проекти како изградба на водоводи, канализација, градинки и училишта, ова го потврди премиерот Заев и додаде дека станува збор за заштеди во висина од 25 милиони евра.
Иако Светска Банка и ММФ излегоа со песимистички очекувања за македонската економија, стапката на економски раст од 3,2 проценти, нема да се корегира. Слабата реализација на капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава кога беа инвестирани само 17 мил евра или 4,3 % од планот за оваа година, според Заев, се должи на стагнацијата карактеристична за зимскиот период.
Значителни поместувања во делот на капиталните инвестиции се очекува со изградба на комплекост кај Скопски саем, Лимак, финализација на постапките за централите Чебрен и Галиште и проектите од патната, железничката и комуналната инфраструктура.