Откако во медиумите излезе информацијата дека предлогот на Владата за директор во М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува условите за таа позиција, од Владата се предомислија и наместо Мехмеди сега го предлгаат Хекуран Асани.
Имено, Мехмеди немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, имал најмалку шестгодишно работно искуство како контролор, објавија медиумите.
Новиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнувал барањата предвидени со Статутот на М-НАВ.
Промените во раководството на М-НАВ доаѓаат по насилниот упад на осуммина осомничени на чело со Беким Незири, советник на директорот на ова акционерско друштво.
Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) утре нема да го затвори македонскиот возушен простор, како што најави, а штрајкот најавен за утре останува во мирување, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски