Владата се расфрла со пари за невладини кои ќе бидат нејзини гласноговорници

Интегрална објава на Левица: 

Сведоци сме како со секој изминат ден Владата предводена од СДСМ, целосно оттуѓена од потребите на народот, донесува катастрофални одлуки со што придонесува за продлабочување и пролонгирање на кризата. Таков е и последниот случај во кој “невладините“ организации треба да добијат околу 30 милиони денари или близу 500.000 евра народни пари.

❗️Наместо државна помош да добијат работниците, земјоделците, занаетчиите или медицинскиот персонал кои најдиректно ги почуствуваа негативните ефекти од економско-здравствената криза, Владата се расфрла со огромни средства на невладините организации. И во минатото Владата финансирала тотално анонимни организации, без никакви резултати и портфолио во дејноста на делување, што единствено служеле како бранители и промотори на владините политики.

❗️Додека Македонија е во практично должничко ропство према меѓународните финансиски институции со јавен долг над 50% од БДП, додека медицинскиот персонал се снабдува со заштитна опрема преку донации, додека работници живеат во неизвесност по својата егзистенција и над 100 асистенти на ученици со посебни потреби беа оставени на цедило – овој потег на Владата е уште еден легален предизборен поткуп на ваквите “невладини“ организации кои ќе продолжат да бидат нивните најголеми подржувачи во периодот кој што ни претстои, и да бидат гласноговорници на нивните политики.

➡️Левица најостро го осудува ваквиот пристап на Владата и бара под итно парите да бидат пренаменети на лицата и секторите на кои што оваа помош е најпотребна!