Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ и Зоран Заев не работат ништо за доброто на граѓаните и државата. Единствено нешто за кое се способни е само да ја задолжуваат државата. За само два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.
Нема поминато една година од пандемијата, а Македонија е задолжена за над 1 милијарда и 150 милиони евра нов долг. Ова уште и означува дека СДСМ и Заев едно четиричлено семејство за една година има нов долг од 2.400 евра плус камати.
Граѓаните имаат се помалку пари и поголема несигурност да ги трошат, а Владата нема абер да ја стабилизира економијата, нема вакцини, нема враќање во нормала.
Уште повеќе загрижува податокот за бруто инвестициите, кои во 2020 година се намалени за 10,2% во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година за 13%. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции.
Како да сето ова не им беше доволно па уште без никаков срам се фалат дека камата за овој долг била историски најниска до сега. Уште една манипулација. Србија и Хрватска се задолжија пред нас на подолги рокови, а со пониски каматни стапки. И двете земји со позајмените пари ги плаќаат вакцините кои навреме ги договорија и дистрибуираа до населението.
Сето ова што СДСМ и Заев им го прават на граѓаните ќе следи одговорност. Граѓаните не заслужуваат вакви економски погубни политики, туку заслужуваат добар и квалитетен живот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.