Владата се уште преговора со Косово за изнаоѓање решение за зголемените царини и прави се да не воведе контра-мерки, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е во постојана комуникација со ресорните министри од Косово и од регионот.
Владата прави се за да не дојде во ситуација да воведуваме контра – мерки како одговор на постапката на Косово. Очекуваме, Владата на Косово да ја повлече донесената мерка со што ќе го надминеме спорот.
Во среда ќе има и заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која ќе се бара заеднички модел како да се надмине овој проблем. Доколку не се надмине проблемот во среда, веќе во тек на наредните денови Николовски и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе се сретнат со косовските ресорни министри. Целта е Укинување на одлуката и овозможување на брз проток на стоки и услуги како и трговска размена помеѓу двете земји. Очекуваме да се постигне соодветен договор, во кои нема да има незадовлони страни и кој ќе биде од интерес на сите, велат од министерството.
Минатата недела Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерството за економија, испратија допис до ЦЕФТА, Европската унија и до Владата на Косово, со кое се бара повлекување на одлуката на Косово за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Доколку и покрај сите напори и средби кои престојат Косово не ја повлече одлуката, Владата ќе преземе мерки за заштита на домашното производство.