Владата усвои Извештај: Македонија ќе добие два заеднички гранични премина со Косово

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е задолжен во име на македонската влада да го потпише договорот.

 „Целта на склучувањето на овој договор е воспоставување заеднички гранични премини ‘Јажице – Глобочица’ за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила, како и ‘Блаце – Елез Хан’ за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки“, информира владината прес-служба.