Македонската влада ја усвои во вторникот информацијата за набавка вакцини против Covid-19 за следната 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на mRNA вакцините од америкаснкиот производител „Pfizer“, во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количество од 1 отсто од вкупниот број деца во земјата на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.
Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.
Набавката на оваа количина вакцини против Covid-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес