![влада](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/vlada.jpg?resize=640%2C394&ssl=1)
Владата од почетокот на вонредната состојба од 18.03.2020 до денеска потрошила над 290.000 евра за реновирање.
Првиот договор го склучила на 16.04.2020 година за замена на столарија, а во врска со спроведување на мерките за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување. Вредноста е 273.673 евра, а опфатени се 12 општини, фирма која го добила тендерот од Кавадарци регистрирана како МИ КОМЦЕРЦ 2000 Златко ДООЕЛ, анализира ТВ 21.
-Претходно, во месеците декември и ноември Владата исто така реализирала јавни набавки за иста цел, само за различни општини, а вкупната вредност е 432.228 илјади евра. И овие набавки ги добила истата компанија. Добивала и други тендери, најскапите се во општина Аеродром. За реконструкција на станбени објекти потрошени се 812.532 реализиран во две фази. Втората набавка е направена шест денови подоцна, а тежи 20.637 евра, со цел адаптација на Вила Водно 2. Тендерот го добила фирма од Скопје, регистрарана како СОЛАС – ЕКС – ИМ –ДООЕЛ, објави телевизијата.
Лакирање на паркет, молерисување, поставување подни плочки, изработка на кров од трска за летниковец кај скара како и ѕвездено небо на главниот влез, се дел од реконструкцијата која е планирана за вилата.
-Компанијата СОЛАС – ЕКС – ИМ –ДООЕЛ според евиденцијата, тендери започнува да добива од 2016 година, највредниот е 134.309 илјади евра за Општина Тетово, наменет за рушење на објекти. За сето ова побаравме став од Владата, но до почетокот на овие вести, одговор не добивме, објави ТВ21.