Владата во заминување донесе одлука да поскапе струјата

Владата во заминување донесе одлука на седница зад затворени врати цената на струјата да поскапе за 5 проценти, а ЕСМ да ја продава струјата за 60 наместо за досегашните 57 евра за мегават час.

Извори блиски до новата власт најавуваат дека новата влада ќе го штити стандардот на граѓаните и нема да дозволи поскапување на струјата. Новата влада ќе има и посебно министерство за енергетика кое најавува ревизија на работењето на ЕСМ и на РЕК Битола.

Истражувањата, како што објави Сител, покажуваат дека две третини од македонските граѓани се во енергетска сиромаштија и бараат секаков начин да заштедат на струја. Поради тоа, мандатарот Мицкоски најави дека ќе ја укине давачката од 200 денари за пристап до мрежата за напојување со електрична енергија.