Владата на оглас бара фирма која ќе го сервисира мерцедесот од 580.000 евра, а за чија што набавка неодамна на две години затвор беше осуден екс премиерот Никола Груевски, а помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци.
Проценетата вреднос за сервисирање е 27.550 евра, а огласот на сајтот на Бирото за јавни набавки го објави Службата за општи и заеднички работа на Владата.
Сервисирање на моторно возило марка MERCEDES BENZ тип S 600 – BLIND, во периот од 12 месеци, пишува во огласот.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски вели дека додека е во нивна сопственост возилото мора редовно да му се врши сервис и поради тоа распишан е тендер.
Мирчевски додава дека возилото не можат да го продадат додека не заврши судскиот процес за случајот „Тенк“ односно додека пресудите не станат правосилни.
Мината недела на обвинетите Никола Грувески и Ѓоко Поповски им беа изречени пресудата, односно беа прогласени за виновни. Груевски доби 2 година затворска казна, а Поповски 6 години. Но пресудата сè уште не е правосилна бидејќи тие имаат право на жалба. Исто така не е завршено судењето на обвинетата Гордана Јанкуловска, на која ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризична бременост.