Полската владејачка конзервативна партија Право и справедливост (PiS) навести во понеделникот дека можеби ќе мора да ги одложи претседателските избори предвидени за 10-ти мај за една или две седмици, поради критиките од дома и од Брисел дека политичките интереси ѝ се поважни од здравјето на граѓаните,
Во Полска на 38 милиони население пријавени се 13.937 случаи на зараза со короанвирусот и 683 починати. Претседателските избори во текот на пандемијата предизвикаа остра дискусија поради загриженоста за здравствената безбедност на граѓаните.
„На 10-ти мај, тешко“, изјави заменикот премиер Јацек Сасин за приватното радио Zet коментирајќи го датумот на изборите.
Сасин додад дека PiS ја разгледуваат можноста изборите да се одржат на 17-ти или на 23-ти мај, што според уставот би било можно. Според дневниот весник Rzeczpospolita, владејачката партија го разгледува одржување на изборите на 23-ти мај со излегување на избирачките места и дописно.
Шефот на премиерскиот кабинет Маихаил Дворжик рече дека изборите можеби нема да може да се одржат следната седмица поради „политичките тензии“. Според него, одлуката за тоа ќе биде донесена оваа седмица.
Сенатот, во кој мноинството го има опозицијата, ќе гласа до четврток за предлог-законот кој ќе овозможи ткн дописно гласање.
„Една седмица пред изборите Полјаците не знаат кога се изборите. Опозицијата и Сенатот се одговорни за тоа“, рече Сасин.
Доколку сенатот го отфрли предлог-законот за ткн гласање преку пошта, тој ќе се врати во долниот дом, каде некои пратеници од помалиот коалициски партнер на PiS е против одржувањето на избори во текот на пандемија.
Но оваа партија предложи да се продолжи мандатот на претседателот Анджеј Дуда, сојузник на PiS, за две години и претседателските избори да се одржат во 2022 година, а тој да нема право да учествува на нив.
Опозицијата, пак, сака владата да прогласи вонредба состојба, што би значело дека изборите во мај се откажуваат.
Критичарите сметаат дека PiS инсистира изборите да се одржат овој месец поради големата поддршка што Дуда ја има во овој момент во јавноста. Според последните анкети Дуда би победил во првиот круг од изборите со 63 отсто од гласовите, а доколку изборите би се одржале по пандемијата би добил 42 отсто од гласовите.
Поради притисокот на дел од јавноста и од Брисел изборит да бидат одложени, PiS разгледува и други опции. Дуда, според пишувањето на порталот Onet, би можел да поднесе оставка, па PiS би можела да ги одложи изборите до средината на јули.