Кандидатот за градоначалник на градот Свети Николе Дејан Владев преку статус на Фејсбук пишува дека нема да ветува нереални и мегаломански проекти туку ќе се обиде да ги реши реалните проекти во градот.
„Со одлука на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседателот Христијан Мицкоски сум избран за кандидат за Градоначалник за општина Свети Николе.
Честа е голема но одговорноста уште поголема.
Свети Николе е град во кој израснав, се школував,тука живее моето семејство и моите пријатели.
Во Свети Николе работам и го остварувам мојот работен и политички ангажман.
Затоа ќе сторам се за да нашиот град биде пристојно место за живеење.
Нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти туку акцентот на нашата програма ќе биде на решавање на реалните проблеми со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Свети Николе.
Улици, канализации, младите и спортот, заборавените рурални населени места и хигиената,земјоделците, пензионерите….
ќе бидат врвен приоритет за новата локална власт.
Ветувам чесен пристап до граѓаните и отворени локални институции за сите.
На Свети Николе му требаат промени а промените ќе се случат на 17 октомври.
Да сте живи и здрави .
Секогаш Ваш,
Дејан Владев , кандидат за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и иден Градоначалник на општина Свети Николе.
Да живее Свети Николе.
Да живее Република Македонија“, стои во неговиот пост на Фејсбук.