Владимир Глигоров на клупата на Металург

Ракометниот тим Металург го ангажираше Владимир Глигоров за нов тренер. Тој ќе биде на клупата на овој тим до крајот на сезоната, кој досега работеше со младинскиот погон.

Ваквото решение доаѓа откако раководството на Металург пред четири дена му врачи отказ на Оливер Димитриоски по поразот од Пролет.

Глигоров има акумулирано искуство во мак-ракометот, водел клубови и репрезентации, а подеднакво добро се снаоаѓа и во машкиот и во женскиот ракомет.