Владина делегација предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак по повод 14 години од загинувањето на македонските бранители.
Делегацијата ќе положи цвеќе и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, по што министерот Јолевски ќе има обраќање.
Десетте воени резервисти загинаа на 8 август 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје-Тетово, кога конвојот на АРМ беше нападнат од заседа.