Владина делегација на одбележувањето на Илинден

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во чиј состав се и министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и заменик министерот за информатичко општество и администрација,  Марта Арсовска-Томовска, ќе присуствува на одбележување на настаните во Скопје по повод државниот празник 2.август – Илинден, Денот на Републиката и Првото заседание на АСНОМ.

Агендата на одбележувањето е следна:

– во 11:00 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ;

– во 11:15 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев и

– во 11:30 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, каде е предвидено обраќање на премиерот Никола Груевски.

Делегација на Владата на Република Македонија во состав г-дин Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски, г-дин Беким Незири, министер за економија, г-дин Драган Недељковиќ, заменик министер за култура и г-дин Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика денес во 10:00 часот, ќе присуствува на прославата на 2 Август – Илинден која ќе се одржи во Меморијалниот центар Пелинце.

Делегација на Владата на Република Македонија во состав г-дин Зоран Јолевски, министер за одбрана, г-дин Џери Наумоф, министер за привлекување странски инвестиции, и г-дин Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес ќе присуствува на одбележувањето на празникот во Крушево.

Агендата на одбележувањето е следна:

– во 9:30 часот, посета на споменикот „Македониум“ и положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република;

– во 10:00 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива;

– во 12:00 часот, положување свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, се вели во соопштението.

На свеченоста во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце ќе се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски ќе биде на одбележувањето на празникот Илинден во Скопје – пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, а претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе се обрати на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево.

Голем народен собир на Мечкин Камен

Претседателиот Ѓорѓе Иванов денеска ќе присуствува и ќе има свое обраќање на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево.

На гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република ќе биде положено свежо цвеќе, а исто така ќе се одржи и голем народен собир.

 

 

Коњаницата Илинденски марш традиционално и оваа година пристигна во Крушево.