
По повод 24 Maj – Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, делегација на Владата на Република Македонија положи свежо цвеќе пред Споменикот на Светите Кирил и Методиј кај Камениот мост.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и делегација на Советот на Град Скопје, положија цвеќиња пред Споменикот на браќата на плоштадот Филип Втори.
Цвеќиња положија и делегација од Владата на Република Македонија, делегација од Собранието на Република Македонија, делегации на политички партии, Армијата на Република Македонија, локални самоуправи и здруженија на граѓани.