Владиниот портпарол Муамет Хоџа во врска со случајот со овчарот од кратовско кој пет часа беше носен на носилка поради неможноста да се најде возило за негов транспорт од непристапниот терен, денеска рече дека од Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски веќе се испратени дописи и се побарани детални извештаи од градоначалникот на Општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР.
– За трагичниот настан од ЦУК и од МВР е побарано да се спроведе внатрешна контрола за проверување на надлежните службеници за случајот. Интенцијата е расчистување на случајот, итно лоцирање на одговорноста и соодветни мерки – рече Хоџа.