Владиниот предизборен поткуп на невладиниот сектор, насочен и кон турските здруженија

Здружението Културно хуманитарна организација на Турците од источна Македонија од Радовиш е единственото граѓанско здружение или фондација од југоистокот на земјата коешто доби финансиска поддршка во висина од околу 12.000 евра на неодамна распишаниот владин јавен оглас.

Според објавената одлука, споменатото здружение треба да добие 742.500 денари или околу 12.000 евра државни пари за реализација на проект „Едукација на населението за подигање на свеста за справување со пандемијата предизвикана со корона-вирусот Cовид-19 и хуманитарна помош и заштитна опрема и пакети со прехрамбени артикли и артикли за одржување на лична хигиена во руралните средини на Југоисточниот регион“. За имплементација на предложениот проект, инаку, радовишкото здружение побарало 825.000 денари или околу 13.500 евра.

Владата во образложението за распределбата на севкупно 29.519.495 денари (480.000 евра) од планираните средства во Буџетот за тековната 2020 година, истакнува дека велта е „невладините организации да ги информираат и да им помагаат на граѓаните и на ранливите и социјално загрозени групи“.

И тоа воопшто не би било спорно. Контроверзен е во најмала рака периодот во кој е темпирано ова распределување на средствата. Односно совпаѓањето со предизборниот период во кој се врши ова финанскиско потпомагање на граѓанскиот сектор. Покрај тоа, како и во многу случаи, најголемиот број од овие здруженија се доведуваат во поврзаност со лица и функционери од актуелните владејачки партии, што уште повеќе ги подзасилуваат сомневањата на јавноста дека вистинската цел е прилекување на гласачите.

Така, во споменатиот случај со радовишкото здружение во поврзаност се доведува државниот секретар во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин, кој е истовремено кандидат за пратеник за четвртата Изборна единици на коалицијата предводена од владејачката СДСМ.

Припадници на турската заедница од Радовиш, кои поради страв од реваншизам сакаат да останат анонимни, велат дека Хусејин со парите добиени од има намера врши поткуп на турските гласачи од оваа изборна единици и ги повикуваат антикорупционерите да реагираат за доделување државни пари на организации блиски или директно поврзани со хуманитарни организации со кандидати за пратеници и функционери.

Претходно реагираа и јавноста и опозицијата, зашто на само еден месец пред изборите, Владата којашто пред десетина дена раздели половина милиони евра директно на невладиниот екторот директно, за многу кусо време и преку Агенцијата за спорет и млади (АМС) којашто треба да финансира проекти од сферата на спортот издвои по 300.000 денари за истиот сектор.

Имено на седница на Владата а на предлог на Агенцијата за млади и спорт беше донесена Уредба за финансиска поддршка на здруженија и фондации за справување со кризата предизвикана од Covid-19 кризата. Инаку АСМ уште во март, еден месец пред првиот термин за одржување на вонредните парламентарни избори на 12-ти април, веќе додели 3,6 милиони денари за проекти на невладини организации.

Темпирањето за објавување јавни повици и доделување финансиски средства пред одржувањето на парламентарните избори укажува на фактот дека власта свесно и тенденциозно бескрупулозно манипулира со ранливите групи граѓани сметајќи на нивните гласови на изборите.

Граѓаните сметаат дека пакетите социјална помош кои ги дели СДСМ, а за кои во јавноста излегоа голем број фотографии, претставуваат обид за предизборен поткуп. Вака одовориле високи 50,1 процент од анкетираните граѓани на истражувањето спроведено од од 8-ми до 11-ти јуни од Институтот „Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем. Само 28,4 проценти сметаат дека тоа е искрена желба за помош.

Високи 62 проценти од граѓаните кои учествувале на анкетата истакнале дека не се задоволни од економските мерки на Владата. Потврден одговор дале 29 отсто од анкетираните.

.