Владините функционери со тужбите за новинарите прават притисок врз слободата на медиумите

Актуелната владејачка гарнитура не прифаќа никаква критика, а тужбите од страна на владините претставници против новинарите се директен притисок кон слободата на медиумите, рече во понеделникот универзитетскиот професор и поранешен амабсадор на Македонија во САД, Васко Наумовски во гостувњето на телевизијата Алфа.

Мислам дека оваа власт како ниедна предходно не е толерантна кон критика и не прифаќа критика, било да се работи од медиумите или од останати чинители во општеството, рече Наумовски.

Истакна дека тужбите од страна на владините претставници кон новинарите се директен притисок кон слободата на медиумите и тоа е една од областите или поглавјата за кои ние трпиме критики со години наназад.

Сведоци сме дека се тужат новинари, но кога си на јавна функција треба да се воздржите од тужби кон новинарите. Со она што се случува сега амбасадите и останатите институции од меѓународната заедница се добро запознаени и имаат сериозни забелешки за истото, предупреди Наумовски.