Турската лира денес ја намали својата вредност по веста за промените во Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, што веќе една недела ја тресе корупциски скандал, пренесе „АФП“.
Вкупно десет министри беа заменети, вклучувајќи тројца, кои се кандидати за локалните избори во март.
Курсот на турската валута ја намали вредноста од 2,1035 на 2,0945 лири за еден долар.
Турската берза исто реагира на министерските промени со пад од 0,50 отсто.