Со тоа што се зголемува данокот за додадена вредност (ДДВ) на струјата, односно Владата го враќа на 10 отсто мислам дека е во погрешно време, тоа значи поголема цена за граѓаните, рече во понеделникот Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и член на партискиот Извршен комитет во текот на гостување на телевизија 24.
„Ме загрижува моментот со домаќинствата надвор од Скопје што правиме со станбените згради каде се загреваат на струја и ќе надминат блок 1 и блок 2 тарифите дали се тие недомаќини. Допрва нас не очекуваат ефектите од минусни температури и раст на потрошувачката“, посочи Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека не е во функција ниту комплетнтиот капацитет.
„Ако ја погеднете страната на ЕСМ ќе видите дека произвеле толку и толку па потоа ги нема, па заокружуваат по три четири дена“, посочи Димитриеска Кочоска.
Направви споредна со периодот во 2017 година кога во РЕК Битола работае трите блока, и посочи дека не работеле само кога имало ремонти. Вториот момент, додаде таа, е што сега зборуваме за 180 евра, а јас зборувам за пониски цени од 180 евра и не било потребно вклучување на ТЕЦ Неготино.
„ЕЛЕМ не произведува доволно да ги покрие домаќинствата и малите потрошувачи“, посочи Димитриеска Кочоска.