![Vlado-Georgiev-int127-1_original](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Vlado-Georgiev-int127-1_original.jpg?resize=640%2C381&ssl=1)
Пејачот Владо Георгиев, бил итно примен во Ургентен центар откако сопругата Милица го нашла на патос во бесвесна состојба, при што веднаш повикала Брза помош.
Пеачот драмата ја доживеал на 7 мај, а во болница брзата помош го донела во 22.50 часот. Екипата на Брзата помош стигнала на адресата за пет минути по повикот. Го затекнале на патос, без
свест, исцрпен и блед. Вилицата му била укочена, устата модра… при што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар. Неговата жена ги замолила од брзата помош да му стават марама преку лице како не би го препознл никој – велат од брзата помош и додал дека Георгиев е примен како итен случај.
Веднаш е прегледан од интернист и невролог. Бил во многу лоша состојба. Дадена му е инфузија каде што после час и половина, пеачот дошол при себе.
Со оглед на тоа дека пеачот бил во тешка состојба, лекарите сакале да го задржат во болница за да му направат детален преглед и анализи. Меѓутоа, кога слушнал дека треба да биде хосипализиран, тој инсистирал на своја одговорност да ја напушти болницата, со што и ги потпишал болничките документи, и со сопругата ја напуштил болницата.