Спроведувањето на договорот за излез од македонската политичка криза може да биде блокиран од опозицијата со цел да ја добие власта без избори, смета универзитетскиот професор и член на граѓанското движење „Македонски манифест“, Стефан Влахов Мицов. Наместо решение, тој смета дека од септември хаосот на политичката сцена ќе се продлбочи.
Добро е ако чесно се спроведе тоа што е потпишано во договорот, во името на македонската држава и интереси. Но, мислам дека допрва хаосот ќе стане уште поголем. Во окотмври мора да се стави министер за внатрешни работи по предлог на СДСМ, а тој да не биде поврзан со политички партии. Тука ќе има проблем. Тој може да не биде член, но да биде приврзаник за некоја партија. Проблем ќе биде и ставање на нов јавен обвинтел. Враќањето на опозицијата во Собранието е во ред доколку работи како сите демократски опозиции. Но, за жал, сметам дека таа ќе го искористи тоа да спречува изгласување на закони, да се крева врева, Решението е добро, но зависи како ќе се спроведе “, смета Влахов Мицов.
За него е спорно и функционирањето на новите заменици министри во новата техничка влада кои ќе бидат поставени од СДСМ и ќе имаат прво да стават вето на работата на министрите, кои пак, ќе бидат поставени од ВМРО-ДПМНЕ.
Според договорот, СДСМ, ќе може да предложи министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политикано во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. А, заменици ќе предложи во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество.
„Мислам дека опозицијата по секоја цена ќе го користи правото на вето во министертвата каде што ќе има свои заменици-министри. На таков начин Владата може да се блокира и неколку месеци пред избори. Тоа, особено ќе биде изразено во Министерствоот за финансии. Стравувам дека ветото ќе се користи не за државни туку за партиски интереси“, вели Влахов Мицов.
Исто така, можноста сите партии да поднесат приговори за нерегуларности на изборите, професорот смета дека може да придонесе новоизбраната Влада, доколку победи повторно ВМРО-ДПМНЕ, да не може да се формира во законскиот рок. А, со тоа, хаосот во државата да продолжи, со цел опозицијата без избори да дојде на власт.
„За кризата да заврши потребно е да имаме одговорна опозиција и лидер, и мора државните интереси да бидат пред партиските. Мислам дека уште од септември ќе продолжат препукувањата, но само на еден друг начин, сега во Собранието. Може да се потпишат 100 договори, ама ако не се спроведат, џабе е“, вели Влахов Мицов.
Неделковски: СДСМ не го доби она што го сакаше!
За постигнатиот договор, новинарот Миленко Неделковски во својата колумна пишува:
„На ВМРО, како нај организирана и нај сериозно поставена партија на теренот ќе и треба многу време и енергија, многу луѓе со кредибилитет, за да се убеди членството во исправноста на вечерашниов компромис. ВМРО има и време, и кадри и минат труд да може оваа работа повеќе од успешно да ја заврши до април догодина“.
„Технички гледано, договорот за избори во април му одговара на ВМРО, на СДСМ апсолутно не. ВМРО има над 200 илјади гласа разлика на свое конто, има општинска структура, има членство и има дел од непартиските гласачи што ќе мерат и премеруваат кому да му дадат глас.
ВМРО во овој момент, дури и во ситуација да има блокада врз министерствата за Труд и Социјала и МЗШВ, веќе има оставено длабок капитал во високи пензии и социјални помоши, редовни и големи субвенции и остварување на она што го беа ветиле. Никаков привремен министер тоа не ќе може да го анулира. СДСМ од спротива сеуште е под баластот на скратените и одземени пензии, ветувањата за по еден вработен од секоја фамилија, за ТАТ октоподот“.
„Крајно, за ВМРО, 100 дена Владата ќе имала привремен премиер назначен од ВМРО. Се шпекулира со името на Никола Поповски, министерот за надворешни. Во тие 100 дена трчаница по општини, градови, луѓе, гласачи, за Никола Груевски, кој поскаува историска победа во април догодина, концентрацијата исклучиво на теренот е бесценето богатство. Тој ја има најголемата доверба кај народот. Секој поединечно сака да се види со него, секој сака да праша нешто, да му стисне рака. 100 дена се 300-400 населени места за посета. Нешто што на ВМРО како партија и е апсолутно неопхдодно. На ВМРО после 9 години на власт и треба освежување и кислород.
„СДСМ не го доби она што го сакаше! А сакаше да има своја Влада со свој премиер, ама без избори. СДСМ сакаше таква неизгласана и неизбрана влада да биде “на власт“ најмалку две години. СДСМ на тој начин сакаше, без народно овластување дадено на избори, да коле и беси две години. Да затвара, обвинува, тужи и осудува… Тоа што го сакаше, не го доби. СДСМ е свесна дека во Април ќе загуби. СДСМ е свесна дека така салонска, опната на плажите низ Грција, кога ќе започне со работа на есен ќе има премал период за да може да го консолидира своето гласачко тело, ама и да привлече неопределни гласачи“.
ФОТО: Република.мк