Не оди лесно усогласувањето на позициите меѓу власта и опозицијата околу новиот Закон за јавното обвинителство, со кој се решава судбината на СЈО.
Само неколку минути им беа потребни на власта и опозицијата да изгласаат 10 од вкупно 51 амандман за Законот за јавно обвинителство.
Без расправа на комисиската седница, пратениците одлучија и понатаму да преговараат за останатите посуштински разлики за разлика од денешните кои се само техничко средување на законот.
За ВМРО ДПМНЕ и понатаму се најспорни начинот на избор на обвинители, помошниците на Катица Јанева и предметите кои ги водат. Предлагаат и за шеф на новото обвинителство да може да конкурира и професорската фела. Според СДСМ треба политиката да ги тргне рацете од правосудството.
Прифатен е и амандман на ДУИ со кој Законот за ЈО се усогласува со Законот за јазици.
Но, двотретинското мнозинство и понатаму е неизвесно. Забелешки со кои го условуваат гласањето имаат и пратениците од албанската опозиција. Доколку не успеат да се договорат, власта најави дека има и план Б.