За министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемал Чупи нема што да се каже. И да го Гуглате на Гугл нема многу да излезе податок за тоа што сработел во изминатата една година колку што имаше мандат да ги покаже своите способности и нема што да се вид, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски на денешната собраниска седница
„ДУИ и СДСМ не ги даваат другите министерства, односно даваат само вакви министерства без моќ и без пари. Поради тоа на Алијанса им ги даваат министерствата што беа од Алтернатива“, рече Аџиоски.
Аџиоски посочи дека се има најголема дијаспора затоа што власта го зголеми иселувањето од државата.
„Имаме најголема дијаспора која во последните пет години се зголеми неколку пати затоа што и тие што сакаа да останат во Република Македонија во последните пет години масовно ги натеравте да се иселуваат и да стануваат дел од дијаспората. Наместо да ги вратите младите како што ветувавте пред да дојдете на власт кога пред Влада остававте и кондури со порака дека кога ќе дојдете на власт ќе ги вратите младите во оваа држава и ќе создадете поволни услови за сите да се вратат што заминале во странство во дијаспората“, вели Аџиоски.
Тој потенцираше дека и после пет години откако власта не само што не ги врати младите во Република Македонија туку и старите ги натера масовно да се иселуваат затоа што не создаде услови за никој ниту за млади, ниту за стари ниту за никој во оваа држава.